Теренско истражување - село ЦЕР
    Гимназија Јосип Броз-Тито, Битола


Zanimanje na naselenieto
 
Теренско истражување - село ЦЕР
NAVIGATION
Pocetna strana
Prirodni karakteristiki
Istorija na seloto
Naselenie vo seloto
Zanimanje na naselenieto
Praznuvanje i obicai
Znacajni mesta vo Cer
Infrastruktura vo seloto
Zagaduvanje
Panorama na Cer
Momenti od ekskurzijata
Arhitektura na seloto
Komentari
Forum






    
Пчеларство
На 2км од селото се наоѓа најголемиот пчеларник во Македонија.Во селото има 22 фамилии кои се занимаваат со пчеларство.


Сточарство
Во минатото во селото се одгледувал и крупен и ситен добиток,меѓутоа денес доминира ситниот добиток.Во селото има три фамилии кои одгледуваат крупен добиток од кои најзастапени се:кравите,свињи,овци итн.



Леб и млеко
Во селото има голем број фурни кои денес не се користат бидејќи луѓето се снабдуваат од продавниците.
Од млекото прават сирење,самокиш и кашкавал,а она што им останува т.н. сиратка го користат како храна за добитокот.


Рударство
Во близина на селото Цер се наоѓа рудник за манган,кој денес не работи.Порано мнозинството од населението работело во рудникот,но со неговото затворање луѓето започнале да се иселуваат.

Исто така, на влезот во селото се наоѓа фабриката за мермер (која во моментот не работи) и каменолом за потребите на градежната фирма Гранит.

   Фабриката за мермер



  
     Каменолом






Анкета на населението

1.Обработка на земјата:

Земјоделски култури

 Одгледуваат

Не одгледуваат

Житни култури

        24

          /

Градинарски култури

         7

          /

Индустриски култури

         0

          /

Овошки

         2

          /

Вкупно:

        33

        10

 

2.Шумски парцели:

 

Имаат

Немаат

 Шумски парцели

19

22

Вкупно:

41

 

 

3.Сточарство:

Стока

Одгледуваат

Неодгледуваат

Крави

        5

 

Овци

        5

 

Свињи

        2

 

Живина

        6

 

Кози

        4

 

Вкупно:

       22

      20

Вкупно:

      41

                                   

4.Соби за прифаќање на туристи:

 Луѓето во ова село немаат прилагодливи соби за профаќање на туристи со мал исклучок од околу 27% кои имаат соби прилагодливи за туристи.

5.За подобрување на животот во селото:

Луѓето сметаат дека за да се подобри животот во селото треба да има превоз , да доаѓа доктор, да се отворат повторно фабриките со што ќе се вработат младите луѓе, да се обнови училиштето, да се направи браната (над селото),  да се подобри инфраструктурата во селото, подобра комуникација, подобар транспорт, обновување на куќите и др.

6. Собирање на шумски плодови:

♦Мал е бројот на жители кои собираат шумски плодови, има и такви кои собираат мов , печурки , капини , чај, смрека



Изборен предмет: Географија, 3 год.

Create a Free Website